Ролан Барт е една од клучните интелектуални фигури во дваесеттиот век во Европа. Неговите дела оставаат длабок печат и врз структурализмот и врз постструктурализмот, така што нивното влијание сериозно се чувствува и во денешното промислување на литературата и на културата воопшто. „Задоволство од текстот“ (1973) припаѓа во подоцнежниот опус на Барт и претставува сублимат на неговите рефлексии за теоријата на текстот.
Замислена како збирка фрагменти и размисли, книгата „Задоволство од текстот“ се обидува да направи необичен исчекор во теоријата на книжевноста и за еден исклучително комплексен поим каков што е текстот да зборува преку принципот на задоволството. Барт ги резимира, но исто така и ги преиспитува сопствените дотогашни сфаќања и се обидува да се фокусира на длабоко интимната, речиси љубовна врска што постои помеѓу текстот и секој негов читател.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Седмата функција на јазикот
Наслов на оригиналот: Le plaisir du texte / Roland Barthes
Број на страници: 110
Повез: мек
Формат: 15 x 23 cm
Година: 2024
ISBN: 978-608-5058-06-8