„Сè што мажот е“ се состои од девет приказни за девет мажи во различни периоди од нивните животи – од тинејџерска возраст до длабока старост. Секој од деветте ликови во книгата е на пресвртна точка од својот живот и се обидува да ја разбере смислата на своето постоење. Солој успева да изгради наративен калеидоскоп и да долови вознемирувачки, мрачни, комични, трогателни, ведри и тажни сцени и навидум неповрзаните приказни преку заеднички мотиви и детали да ги спои во необичен, иновативен, хибриден роман кој истражува што значи да се биде маж во Европа на почетокот од XXI век.

„Дејвид Солој е мајстор на новиот реализам и на читателот му нуди многу причини за уживање во оваа интелигентна, трогателна и мошне актуелна потрага по смислата на животот.“
„Тајмс“

„’Сè што мажот е’ ги проширува границите на романот како жанр со своите поврзани приказни за кризата на европската машкост.“
„Гардијан“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: All that man is / David Szalay
Број на страници: 432
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2025
ISBN: 978-608-5058-10-5