„Си беа еднаш две семејства чиишто судбини ни смртта не можеше да ги раздвои…“ Заплеткани во политичките превирања во земјата во која живеат, семејствата Хајдер и Харапа ќе бидат втурнати во вителот на историјата и растргнати од сопствениот срам. Среде семејните скандали и трагедии, најтивка е младата Суфија Зинобија Хајдер. Но нејзиниот молк, што сите го толкуваат како малоумност, се распламтува под огнот на срамот и ја претвора девојката во отелотворение на насилството.
„Срам“ е еден од најдобрите романи на извонредниот Салман Ружди. Во него авторот брилијантно ги демонстрира сите книжевни потенцијали на магичниот реализам и создава безвременско дело во кое ни љубовта ни смртта не можат да се справат со канџите на срамот.

„’Срам“ може да се чита како кошмарна бајка, политичка полемика, историска сатира… но во суштина е одличен пример за огромните потенцијали на романот како книжевен жанр, особено кога ќе се најде во рацете на извонреден автор каков што е Салман Ружди.“
„Сандеј телеграф“

„Во ‘Срам’ авторот се повикува на автори како Кундера, Кафка, Едрман и Бихнер, а упатениот читател несомнено ќе го насети и влијанието на Маркез. Тоа се исклучителни автори во чијшто ранг заслужено се вбројува и Ружди.“
„Њујорк Тајмс“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Shame / Salman Rushdie
Број на страници: 372
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2025
ISBN: 978-608-5058-09-9