Џон Риверс, студент по физика, добива ретка шанса да биде асистент на брилијантниот професор Хенри Мартенс. Асистентот и менторот бргу се спријателуваат, а нивните животни патеки засекогаш ќе се преплетат кога Риверс ќе ја запознае сопругата на Мартенс, во која безнадежно ќе се заљуби.
„Генијот и Божицата“ е извонредна анализа на човековата конфликтна природа и на нејзините противречни аспекти. Проткаен со суптилни психолошки портрети на ликовите и со многубројни референции на филозофијата, науката и книжевноста, овој краток роман е едно од највпечатливите дела на Олдос Хаксли, еднакво интригантно и значајно како „Убав нов свет“.
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Шумот на времето
Наслов на оригиналот: The Genius and the Goddess / Aldous Huxley
Превод од англиски: Љубица Арсовска
Број на страници: 128
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2025
ISBN: 978-608-5058-14-3