Откако Њујорк ќе биде погоден од силна бура, границата меѓу световите ќе биде пробиена и започнува епска борба меѓу доброто и злото која ќе трае илјада и една ноќ. Суштества со чудесна моќ ќе навлезат во нашиот свет и ќе ја нарушат рамнотежата на реалноста, која потоа некако ќе мора да биде одново воспоставена.
„Две години, осум месеци и дваесет и осум ноќи“ е современа интерпретација на „Илјада и една ноќ“, во која се преплетуваат историјата и митологијата и се отсликуваат древни конфликти што сè уште се актуелни и во нашиот современ свет. Истовремено, романот раскажува и нежна љубовна приказна која ги премостува границите на времето и на стварноста. Магичниот реализам на Ружди е брилијантно заокружен во ова дело преполно со интриги и пресврти, сатира и алегорија, љубов и искупување.

„Оваа книга е фантазија, бајка и брилијантна рефлексија на агониите на нашиот живот во овој свет.“
„Гардијан“

„Салман Ружди успева да поврзе љубовна приказна и политичка сатира, и тоа да ги пренесе во стилот на ‘Илјада и една ноќ’. Слично како Шехерезада, Ружди е автор за кого раскажувањето приказни е прашање на живот и смрт.“
„Тајмс“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: 2years, 8 months and 28 nights / Salman Rushdie
Број на страници: 306
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2025
ISBN: 978-608-5058-22-8