Херман Брох несомнено е еден од најзначајните писатели во XX век, но неговото значење е уште поголемо кога ќе се земат предвид неговите филозофски списи и есеи. Во овој избор се застапени некои од клучните есеи на Брох кои третираат теми и прашања што се централна преокупација и на неговото книжевно творештво и што провејуваат како лајтмотив во „Смртта на Верглиј“, „Месечари“ и во другите романи на овој автор.
Духот на времето опфаќа текстови во кои Брох го изложува својот концепт за суштинската динамика меѓу етиката и естетиката која се отсликува во целокупната култура како рефлексија на пошироките општествено-историски процеси. Брох зборува за злото во книжевноста, за митската заднина на литературата, за распаѓањето на системот на вредностите во првата половина од XX век, притоа осврнувајќи се на историски настани, филозофски концепции, политички идеи и, секако, на низа книжевни дела.

Прочитај извадок

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Седмата функција на јазикот
Наслов на оригиналот: Kommentierte Werkausgabe / Hermann Broch
Број на страници: 330
Повез: мек
Формат: 15 x 23 cm
Година: 2025
ISBN: 978-608-5058-21-1