Оваа книга содржи повеќе од сто писма од интимната преписка помеѓу Франц Кафка и неговата најмлада сестра, Отла. Пишувани во период од петнаесет години, писмата ни откриваат лични детали од животот на Кафка, го отсликуваат неговиот бурен однос со родителите и неговиот топол однос со сестрите, а ја откриваат и неговата долга и тешка битка со болеста. Преписката го открива Кафка како внимателен брат, добар пријател и топол човек, што можеби и не е толку евидентно од неговите книжевни дела. Поради сето тоа, „Писма до Отла“ претставува скапоцен увид во сложената и енигматична личност на еден од најголемите писатели во историјата на светската книжевност.
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Шумот на времето
Наслов на оригиналот: Briefe an Ottla / Franz Kafka
Превод од германски: Катерина Јосифоска
Број на страници: 296
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2025
ISBN: 978-608-5058-26-6

