Младиот писател Виктор е очаен затоа што никако не може да ги објави своите раскази и запаѓа во сè поголеми финансиски проблеми. За да се избори со осаменоста, решава да го посвои пингвинот Миша, кого зоолошката градина во Киев повеќе не може да го чува. Тогаш и среќата на Виктор ќе се смени и тој конечно ќе најде работа, но наместо раскази, од еден локален весник ќе добие задача да пишува некролози. Меѓутоа, тој треба да пишува некролози за луѓе што сè уште се живи, па по некое време ќе сфати дека се нашол во опасна стапица на украинското подземје.
Напишан како кафкијански трилер со елементи на црн хумор и социјална сатира, „Смртта и пингвинот“ е најуспешниот роман на Андреј Курков, со кого овој автор стекнува светска слава и добива низа меѓународни признанија.

„Курков брилијантно ја гради мрачната атмосфера во која ги втурнува своите симпатични главни ликови. ‘Смртта и пингвинот’ потсетува на најдобрите моменти од делата на Кафка, Маркез и Мураками.“
‘Тајмс’

„’Смртта и пингвинот’ е трагикомично ремек-дело, брилијантна сатира на животот во современите постсоцијалистички општества.“
‘Дејли телеграф’

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Смерть постороннего / Андрей Курков
Превод од руски: Милена Николовска
Број на страници: 250
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2025
ISBN: 978-608-5058-20-4