Во 1962 година, Флоренс и Едвард го прославуваат почетокот на својот меден месец во еден хотел покрај морскиот брег во Дорсет. Сепак, за време на вечерата, нивните очекувања во врска со првата брачна ноќ одеднаш ќе се претворат во ужасен притисок. Одлуките што ќе ги донесат таа ноќ целосно ќе ги изменат нивните животи.
Со својата прекрасна проза и со исклучително ефективниот завршеток на книгата, Мекјуан успева да го поведе читателот на патување низ животот на двајца луѓе преку нивните различни сфаќања на копнежот и на љубовта.

„На плажата Чесил не само што е прекрасно четиво, туку и нешто што се среќава уште поретко: совршен роман.“
Вашингтон пост

„Иако На плажата Чесил во суштина е љубовна приказна, романот е еднакво застрашувачки како и сите други што ги напишал Мекјуан.“
Њујорк Тајмс

„Мало, совршено ремек-дело што го прогонува читателот уште долго по читањето… Мекјуан исцртува човечки, трогателен, а понекогаш и комичен портрет на брачните недоразбирања, но и на односите помеѓу луѓето воопшто.“
Лос Анџелес Тајмс

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Оn Chesil beach / Ian Mcewan
Превод: Љубица Арсовска
Број на страници: 176
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2026
ISBN: 978-608-5058-30-3