Џ. М. Куци (1940) е роден во Кејптаун, Јужна Африка.
Се школувал во САД, каде што се стекнал со докторска титула од областа на лингвистиката. Работел како програмер, преведувач и професор на бројни универзитети во Англија и САД. Во 2002 година мигрирал во Австралија, каде што живее и денес.
Куци почнал да пишува во 1969 година. За две од неговите книги, Животот и времињата Мајкл К (1983) и Срамота (1999), бил награден со престижната награда Букер. Куци е единствениот писател кој успеал двапати да ја добие оваа награда. Други негови значајни дела се романите Чекајќи ги варварите (1980), Фо (1986), Мајсторот од Петербург (1994), Детството на Исус (2013), Школувањето на Исус (2016), а пишува и есеи, раскази и книжевна критика.
За своето творештво, во 2003 година ја добил Нобеловата награда за литература.