Роберт Зеталер (1966, Виена, Австрија) важи за една од новите книжевни ѕвезди на германската современа литература. Пишува сценарија и проза. Автор е на шест романи за кои добил многу високи и угледни книжевни награди. Светска слава како писател стекнува со својот трет роман, Трафикант (2012), а неговото најново дело, фрагментарниот роман Поле (2018), уште во првите недели по објавувањето станува бестселер.
Најпознатото дело на Роберт Зеталер е романот Цел живот (2014), за кого добива неколку национални германски награди, а подоцна е и во најтесна конкуренција за угледните меѓународни награди Букер за 2016 и IMPAC Даблин за 2017 година.
Освен како успешен писател, Зеталер е познат и како театарски и филмски актер. Една од неговите највпечатливи улоги е онаа во филмот Младост на Паоло Сорентино.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *