Колсон Вајтхед (1969, Њујорк) е еден од најуспешните современи писатели во САД.
По завршувањето на студиите по англиска и компаративна книжевност на Универзитетот во Харвард, пишува книжевна и музичка критика за Вилиџ војс, а подоцна и за други реномирани списанија како Њујорк тајмс, Вајб, Спин и Њуздеј.
Пишува есеи, раскази и романи, а за своите дела повеќекратно е наградуван со реномирани награди. Автор е на шест романи, од кои како особено успешни се издвојуваат Интуиционист (1999), Деновите на Џон Хенри (2001), Сег Харбор (2009), Зона еден (2011) и Подземната железница (2016). Неговиот најнов роман, Момчињата од Никел ќе биде објавен во 2019 година.
Романот Подземната железница е една од најнаградуваните и критички најкоментираните американски книги во последнава деценија. За овој роман Вајтхед го доби и највисокото книжевно признание во САД – Пулицеровата награда за литература во 2016 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *