Петра Хулова (1976, Прага) припаѓа во помладата генерација чешки автори, издвојувајќи се со својот оригинален стил и специфичната тематика на своите дела.

Студирала културологија и антропологија во Прага, а извесен период живеела во Монголија и во Њујорк. Пишува романи, драми, филмски сценарија, а редовно објавува и есеи кои ги третираат современите општествени и културни случувања во Чешка.

Уште со својот прв роман, Во спомен на баба ми (2002), Хулова стекнува слава во Чешка и ги добива двете најзначајни национални награди за проза. Романот за кратко време станува бестселер и преведен е на дваесетина јазици. Други позначајни дела на Хулова се романите Станицата Тајга (2008), Чувари на општото добро (2010), Кратка историја на движењето (2018).

Веројатно најпознатото дело на Хулова е краткиот роман Пластично трособје (2006), за кого авторката ја добива наградата „Јиржи Ортен“ и наградата на Англискиот ПЕН центар за најдобар превод во 2018 година. Романот е адаптиран во театарска претстава и преведен на повеќе светски јазици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *