Една чешка сексуална работничка решава со читателот на овој роман да ги сподели своите размислувања за професијата што ја работи, за стареењето, за влијанието на новите технологии врз сексот и за суштината на материјализмот. Својот светоглед го пренесува преку скици за сценарио за документарна телевизиска серија, за која искрено и наивно сонува дека еден ден ќе биде снимена.
Исполнувајќи го површното секојдневие на својата протагонистка со фетишизам, насилство, хумор и чуден, ама неочекувано успешен, спој од вулгарен и поетски јазик, Петра Хулова на само стотина страници успева да создаде свет во мало преку текот на свеста на својот лик. „Пластично трособје“ е една од најнаградуваните современи чешки книги: последно во низата признанија е наградата на Англискиот ПЕН центар за најдобар превод во 2017 година.
„’Пластично трособје’ е застрашувачки искрен роман – не е лесно да ви се допадне, ама не може да не го цените.“
LA Review of Books
„Може да се каже дека темата на сексот во книгата на Петра Хулова има три димензии: од игривост, преку сексуалните фантазии, се движи кон социјалниот аспект. Без морализирање. ‘Пластично трособје’ е фасцинантно книжевно достигнување.“
Times Literary Suplement
„Кога би можело оваа книга да се означи со еден збор, што не би го употребила ни „елитната“ проститутка која е опишана во неа, тогаш тоа е зборот – демаскирање.“
Die Zeit
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Umělohmotný třípokoj / Petra Hůlová
Преведувач: Соња Стојменска-Елзесер
Број на страници: 152
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2019
ISBN: 978-608-4852-08-7