Приказната во „Подземната железница“ почнува на плантажите за памук во Џорџија, од каде младите робови Кора и Цезар решаваат да побегнат, ризикувајќи си ги животите поради сонот да живеат слободно. Соочени со стравот, гладот, ловците на робови и безмилосниот свет на белците, единствената надеж за нив е митската Подземната железница – неверојатна конструкција која, всушност, е отелотворение на соништата за слобода.
Напишан во манирот на големите авантуристички романи од XVII век, „Подземната железница“ е блескаво дело во кое историографските факти се преплетуваат со чудесните авантури на главниот лик, допирајќи до рабовите на фантастичното. Играјќи со структурата и тенката граница меѓу фактите и фикцијата, Колсон Вајтхед внимателно и вешто го гради ова искрено, длабоко и брутално ремек-дело на современата американска литература.
„Со својот брилијантен спој на фактите и фантастиката, Колсон Вајтхед се надоврзува на долга традиција врвни автори, како Свифт, Дефо, Кафка, Борхес, Маркес и Морисон.“
The New York Times
„Овој роман одлично покажува како преку книжевноста можеме да ја разбереме историјата… Повикувајќи се на минатото, ‘Подземната железница’ е силна критика на денешнината.“
Publishers Weekly
„Со ‘Подземната железница’ жанрот магичен реализам добива сосем ново значење, проткаен со историографија, патеписни авантури, антрополошки студии за расата и една неизбежна, моќна филозофска расправа за слободата како стожер на човековата природа.“
The Guardian
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: The Underground Railroad / Colson Whitehead
Број на страници: 336
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2018
ISBN: 978-608-4852-04-9