Јана Бауер (1975, Љубљана) е една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели. Дипломира драматургија на Академијата за драмски уметности во Љубљана, а работи како уредничка и преведувачка во издавачката куќа Содобност. Пишува драми, книги за деца, преведува од англиски јазик и има приредено неколку антологии на кратка проза. Нејзините дела се преведени на десетина јазици и се наградени со некои од позначајните награди за детска литература. Книгите на Јана Бауер се наменети за деца, но нивната магија и оригиналност се привлечни за читателите од сите возрасти.
Најпозната книга на Јана Бауер е Грозовила и страшната шума, објавена во 2011, година со цртежи од англиската уметница Керолјан Тау. Неодамна е објавено и продолжението на оваа книга, Грозовила и дивата зима.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *