Кристин Еириксдотир (1981, Рејкјавик) е исландска писателка која критиката често ја вбројува помеѓу најталентираните и највпечатливите млади скандинавски автори. Пишува поезија, драми и проза. Нејзините први книги се поетски збирки: Градот на месарите (2004), Пустинска боја на кожата (2006) и Друг вид блаженство (2008). Подоцна објавува една збирка раскази, Дорис умира (2010), а нејзиниот прв роман Хвитфелд – семејна сага е објавен во 2012 година.
Нејзиниот нов роман, Елин, разно (2017) е добитник на највисоките исландски награди за книжевност. Токму со овој наслов во 2019 година Кристин Еириксдотир е номинирана за престижната меѓународна награда за книжевност на Нордискиот совет.