Рој Јакобсен (Осло, 1964) е еден од клучните норвешки современи писатели, добитник на значајни национални и меѓународни книжевни награди и автор на дваесетина книги. Пишува раскази и романи. Член е на Норвешката академија за јазик и книжевност, двоен добитник на престижната награда на Норвешките книжевни критичари. Книгите на Рој Јакобсен се преведени на дваесетина светски јазици, а во последната деценија постигнуваат и завиден меѓународен успех.
Јакобсен го објавува своето прво дело, збирката раскази Затворски живот, во 1982 година. Оттогаш професионално се занимава со книжевност, а како негови најуспешни дела критиката ги издвојува романите: Нова вода (1987), Победниците (1991), Граници (1995), Изгорениот град на чудата (2007), Вундеркинд (2009). Неговиот роман Невидливите е објавен во 2013 и доживува огромен успех во Норвешка, а подоцна и во глобални рамки, особено откако е вброен во најтесниот избор за Меѓународната книжевна награда Букер за 2017 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *