Доменико Старноне (Неапол, 1943) важи за современ класик на италијанската литература. Иако е мошне активен во интелектуалниот живот на Италија и добитник на некои од најважните национални книжевни признанија, неговата биографија станува актуелна за светската јавност поради „потрагата“ што ја водат медиумите по идентитетот на писателката Елена Феранте. Па така, во неколку различни новинарски статии се претпоставува дека зад псевдонимот Феранте се крие токму Доменико Старноне или неговата сопруга Анита Раха.
Старноне ужива углед на еден од големите мајстори на италијанската книжевност на XXI век. Пишува филмски сценарија и проза. Автор е на петнаесетина романи, од кои критиката особено ги издвојува: „Виа Џемито“ (2000), „Првото погубување“ (2007), „Еротската автобиографија на Аристид Гамбиа“ (2011), „Врвки“ (2014), „Шега“ (2016). Во 2011 година Старноне ја добива наградата „Стрега“, највисокото италијанско книжевно признание.