Лена Андерсон (Стокхолм, 1970) е шведска писателка и новинарка. Во 2013 година ја добива наградата Август, највисокото книжевно признание во Шведска, за нејзиниот петти роман Самоволно постапување. Добитник е и на уште неколку еминентни награди и важи за една од највпечатливите современи шведски авторки.
Покрај наградуваниот Самоволно постапување (2013), исклучителен успех постигнуваат и нејзините романи Чинови на неверство (2014) и Синот на Свеа (2018).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *