Арундати Рој (1961) е индиска писателка и активистка. Иако студирала архитектура и краток период се занимавала со филмската уметност, нејзиниот главен професионален ангажман е пишувањето. Во 1996 година го објавува својот прв роман, „Богот на малите нешта“, за кого ја добива престижната награда Букер и кој за кратко време станува светски бестселер.
Рој стекнува светска слава со „Богот на малите нешта“ и решава своето влијание да го искористи примарно како активистка за човекови права, особено коментирајќи ја политичката ситуација во Индија. Објавува голем број есеи и книги посветени на заштитата на животната средина, анализа на тенденциите во светската политика, родовата и економската еднаквост итн.
Во 2017 година се враќа во светот на книжевноста со својот долго очекуван втор роман, „Министерство за врвна среќа“.