Љуљета Лешанаку (1968) е родена во Елбасан, Албанија. Студира албанска книжевност и филологија во Тирана, а подоцна го довршува своето образование во САД. Таа е стипендист на Меѓународната програма за креативно пишување на Универзитетот во Ајова во 1999 година и стипендист на Универзитетот на Невада.
Лешанаку е авторка е на дваесетина книги и важи за една од најпреведуваните современи албански поети, со преводи на петнаесетина јазици. Некои од нејзините позначајни книги се: „Фреска“, „Речиси вчера“, „Дете на природата“, „Негативен простор“. Добитничка е значајни меѓународни награди за поезија, меѓу кои Националната награда „Сребрено перо“ за поезија во 2000 година, меѓународната награда „Виленица“ (Словенија, 2009), Наградата на албанскиот ПЕН центар за 2016 година, а избрана е и во најтесниот круг за Наградата на американскиот ПЕН центар за 2019 година.