Рагнар Јонасон (1976) е еден од најпреведуваните современи исландски писатели. По образование е правник, а работи како инвестициски банкар и предава на Универзитетот во Рејкјавик. Исто така, тој е активен во областа на книжевноста уште од тинејџерска возраст преку преводите на четиринаесет романи од Агата Кристи на исландски јазик. Своите први дела ги пишува инспириран од огромната популарност на исландските криминалистички романи.
„Снежно слепило“ (2009) е првото дело на Јонасон, кое веднаш станува бестселер, преведено е на триесетина јазици и наградено е со неколку значајни меѓународни награди. Подоцна, Јонасон пишува пет продолженија на романот, поврзани во серијата „Мрачниот Исланд“.
Со своите осум романи објавени до 2019 година, Рагнар Јонасон стекнува светска слава и добива статус на еден од најчитаните автори во повеќе земји.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *