Јан Асман е роден во 1938 година во Лангелсхајм, Германија. Студирал египтологија, класична археологија и хеленистика во Минхен, Хајделберг, Париз и Гетинген. Од 1976 до 2003 година бил редовен професор по египтологија во Хајделберг; а како професор гостувал во Париз (Collège de France, École Pratique de Hautes Études, EHESS), Ерусалим (Hebrew University, Dormition Abbey) и во Соединетите Американски Држави (Yale, Houston).
Од 1967 година учествува во епиграфско-археолошката теренска работа во западна Теба. Објавил бројни книги и статии за египетската религија, историја, книжевност и уметност, како и за општата теорија на културата (Културна меморија) и за науката за религијата (Монотеизмот и космотеизмот). За својата работа одликуван е со голем број признанија, како наградата за научни достигнувања „Макс Планк“ (1996 година) и „Германската награда за историја“ (1998 година).
Монотеизмот и јазикот на насилстовто е текст на предавање одржано во Градското собрание во Виена во 2004 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *