На малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само едно петчлено семејство. За тригодишната Ингрид островот е рајска градина, огромна и зачудувачка како универзум. За нејзиниот татко, Ханс, островот е место каде што целокупното постоење на човекот се сведува на борба против студот и гладот – борба што секогаш одново сите ја губиме.
„Невидливите“ е многуслоен, моќно напишан роман што личи на бура: преку едноставно и ненаметливо раскажување, полека ја собира својата сила, за потоа да ја излее во една точка и да го преврти светот и на ликовите и на читателот. Ова веројатно е најдоброто дело на Рој Јакобсен и секако, еден од најмаркантните современи норвешки романи.

„Мирниот островски живот на едно норвешко семејство е доловен преку префинето, возвишено раскажување… ‘Невидливите’ е искрена, брилијантна книга.“
Financial Times

„Храбро дело кое ја истражува границата меѓу слободата и судбината. Истовремено, тоа е и фасцинантен портрет на едно одамна изгубено време, токму како што и му прилега на едно ремек-дело посветено на детството. “
Guardian

„Совршено осмислен и прекрасно напишан роман. Иако Јакобсен своите ликови ги гради лаконски и преку скици, тие се неверојатно впечатливи и незабележливо го вовлекуваат читателот во својот мал универзум.“
New European

„’Невидливите’ е несомнено еден од најважните романи во норвешката книжевност.“
Irish Times

Прочитај извадок

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: De Usynlige / Roy Jacobsen
Преведувач: Искра Бадева Ивановска
Број на страници: 224
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2019
ISBN: 978-608-4852-10-0

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *