Јахим Топол (1962) важи за класик на современата чешка литература. Познат е како припадник на чешката андерграунд сцена во седумдесеттите и осумдесеттите години, а основач е на неколку списанија, од кои мошне значајно е книжевното списание Револвер, посветено на современата чешка книжевност. Денес Топол важи за еден од најпреведуваните чешки автори.
Својата книжевна кариера ја почнува како поет, обидувајќи се самостојно да ги објавува своите книги, кои биле забранети поради неговата политичка активност. Објавува две поетски збирки во 1988 и 1992 година, а потоа почнува да пишува проза. Неговиот прв роман, Сестра (1994), достигнува огромен успех во Чешка и ја добива најзначајната национална книжевна награда. Топол е автор на уште десетина романи. Неговото најново дело е романот Чувствителен човек објавен во 2018 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *