Лина Волф (1973) е шведска писателка и преведувачка, една од впечатливите авторки од младата генерација на скандинавски писатели кои постигнуваат завиден меѓународен успех. Пишува романи и раскази. Нејзината прва објавена книга е збирката раскази, „Многумина умираат исто како тебе“ (2009), која ја пишува додека живее во Шпанија, под влијание на современата шпанската книжевност. Нејзиниот дебитантски роман, „Брет Истон Елис и други кучиња“ добива низа награди во Шведска и преведен е на десетина јазици. За својот втор роман, „Љубовниците полиглоти“ (2016), Волф ја добива наградата „Аугуст“, најзначајното шведско книжевно признание. Романот е преведен на дваесет јазици и полека стекнува статус на светски бестселер, добивајќи одлични критики и награди насекаде низ светот. Нејзиниот најнов роман, „Времето на телото“, е објавен во 2019 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *