Замената на политеизмот со монотеизам е една од најрадикалните промени во историјата и во културната меморија на светот. Ова е појдовната теза на Јан Асман, светски признатиот египтолог, која овозможува понатамошни истражувања на можностите според кои монотеистичката религија му обезбедува легитимност на насилството. Истражувајќи неколку библиски фрагменти чијшто извор е надвор од религискиот контекст, Асман ги преиспитува секогаш актуелните прашања за толеранцијата.
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Структура
Наслов на оригиналот: Monotheismus und die Sprache der Gewalt/ Jan Assmann
Преведувачка: Катерина Јосифоска
Број на страници: 80
Повез: мек
Формат: 12 x 16 cm
Година: 2019
ISBN: 978-608-4852-12-4