Хан Канг (1970) е наградувана корејска писателка која во последните години е една од највлијателните азиски авторки и чии дела се преведени на триесетина јазици низ светот. Студирала книжевност, а денес работи како професорка по креативно пишување на „Институтот за уметност“ во Сеул.
Хан Канг пишува поезија, раскази, есеи и романи. Нејзините најпознати дела се романите „Часови по грчки“ (2011), „Борба за здив“ (2010), „Човековите дела“ (2014), „Белата книга“ (2016).
Романот „Вегетаријанка“ (2007) е најуспешното дело Хан Канг, наградено со повеќе корејски и меѓународни книжевни признанија, меѓу кои и престижната награда „Букер“ во 2016 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *