Естер Нилсон е разумна личност која работи разумна работа и има разумна љубовна врска. Но еден ден ќе открие дека разумот понекогаш може да биде изворот на нашите најголеми заблуди. Сè што треба за да се случи тоа е човек да се заљуби.
Романот Самоволно постапување е награден со највисокото книжевно признание во Шведска, наградата „Аугуст“. Иако носи поднаслов „Роман за љубовта“, Самоволно постапување е многу повеќе од љубовен роман: тој е суптилна психолошка студија за сите лица на љубовта, од навидум невиниот флерт до опсесивната деструктивност на неконтролираната страст.

„Книга која му дава сосем друго значење на старото клише дека љубовта е слепа.“
Гардијан

„Самоволно постапување е изненадување за читателот. Започнува со навестување на предвидлив заплет, за потоа да се разлее во низа неочекувани пресврти. Маестрално напишан психолошки роман за љубовта.“
Њујорк тајмс

„Интелигентен и искрен роман за љубовната опсесија. Понекогаш е застрашувачки колку многу можеме да се препознаеме во постапките на ликовите на Андерсон.“
Њујоркер

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Egenmäktigt förfarande / Lena Andersson
Преведувач: Родна Русковска
Број на страници: 152
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2019
ISBN: 978-608-4852-14-8

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *