Поетската збирка „Меѓу два града“ содржи шеесет песни од наградуваниот млад бугарски поет Стојчо Младенов.
Поетското писмо на Младенов покажува јасност, економичност и кохерентност во стилот и јазикот. Ослободен од насилна лиризација и литературно необременет, овој поет ја поставува леќата на „лирското јас“ во удобната позиција „помеѓу“, од каде, благодарение на неверојатниот усет за флуидноста на мигот, мошне прецизно ги детектира проблемите на тревожната стварност.


ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА

Едиција: animula vagula blandula
Наслов на оригиналот: Между два града / Стойчо Младенов
Препев: Дарин Ангеловски
Број на страници: 72
Повез: мек
Формат: 12×19 cm
Година: 2019
ISBN: 978-608-4852-18-6

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *