Приказната во Министерство за врвна среќа полека и мајсторски се ткае низ сиромашните квартови на Делхи и низ рајските пејзажи на Кашмир. Рој раскажува за ликови кои на прв поглед се чинат маргинални и кои во други приказни веројатно би останале заборавени, но овде полека се претвораат во јунаци. Раскажувајќи за немирот и болката, за среќата и надежта, Рој гради епски портрет на современа Индија, но и грандиозна слика на нашето денешно општество.
Варирајќи од љубовна приказна до историски роман, од семејна сага до политичка сатира, Министерство за врвна среќа е дело какво што се среќава сосем ретко, роман во својот чист и моќен облик.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: The Ministry of Utmost Happiness / Arundhati Roy
Преведувачка: Љубица Арсовска
Број на страници: 480
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2019
ISBN: 978-608-4852-17-9

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *