Роден во 1950 година, Антоан Компањон предавал на Сорбона и на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Од 2006 година тој е избран за професор на Катедрата за модерна и современа француска книжевност: историја, критика, теорија на Колеж де Франс. Меѓу другото, тој е автор на La Troisième Rèpublique des lettres (Третата Република на книжевноста, 1983), Les Cinq Paradoxes de la modernitè (Петте парадокси на модерната, 1990), Le Démon de la théorie (Демонот на теоријата, 1998) и Les Antimodernes, de Joseph de Maistre à Roland Barthes (Антимодерни, од Жозеф де Местр до Ролан Барт, 2005).