Евалд Флисар (1945) е најпреведуваниот словенечки писател, чии дела се објавени на 40 јазици. Извесен период живеел во Велика Британија, каде што работел како уредник и драматург, а од 1990 година живее во Љубљана. Работел како главен уредник на „Современост“, словенечко списание за книжевност и седум години бил претседател на Словенечкото друштво на писатели.
Флисар пишува драми, книги за деца и млади, есеи, патописи, кратка проза. Автор е и на дваесетина романи, меѓу кои се издвојуваат: „Помошникот на волшебникот“ (1986), „Маѓепсаниот Одисеј“ (2003), „Набљудувач“ (2009), „Соништата на татко ми“ (2001) итн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *