Јонас Лишер e роден во 1976 година во Цирих, Швајцарија. Откако неколку години работи како сценарист во Минхен, Лишер ги започнува своите студии на Високата школа за филозофија во Минхен. Таму се стекнува со титула магистер и работи како научен соработник. Во 2011 се запишува на Универзитетот ЕТХ во Цирих, каде што работи на докторска дисертација, но во 2014 година се откажува од дисертацијата и од академската кариера и се посветува на пишување. Во наредните години станува еден од највлијателните и најнаградувани писатели во германското јазично подрачје. Неговата дебитантска книга, новелата „Пролет на варварите“ (2013), е добитник на повеќе книжевни награди, а со својот прв роман, „Крафт“, Лишер ја освојува и „Швајцарската книжевна награда“ за 2017 година. Лишер денес живее во Минхен и работи како писател.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *