Дамир Каракаш е роден во 1967 година во селото Плашчица, во областа Лика, Хрватска. Ги има објавено патописите Босанците се добри луѓе, збирките раскази Ескими, Полковникот Бетовен и Кино Лика (според која е снимен истоимен филм), и романите Комбетари, Како влегов во Европа, Сјајно место за несреќа, Blue Moon и Сеќавањето на шумата. Пишува и драми, кои редовно се изведуваат во театрите во Хрватска и во странство. Неговите дела се преведени на десетина јазици и наградени со значајни книжевни признанија. Живее во Загреб.
Прослава е најновиот роман на Каракаш, објавен во 2019 година.