фотографија © Matija Krstić
Јулијана Адамовиќ (Бачка, 1969) пишува поезија, проза и книги за деца. Авторка е на три збирки раскази – Како нè украдоа од Циганите (2008), Конзервирање (2013) и Глинени ангели (2016) – и на поетската книга Сонце на шалтерот (2015). За своите кратки прози добитничка е на значајни книжевни награди.
Нејзиниот прв роман, Диви гуски, е објавен во 2018 година и преведен на неколку јазици. Според книжевната критика, Диви гуски е најзрелото дело на Адамовиќ и несомнено еден од најзначајните хрватски романи во последните години.