Рохинтон Мистри (1952) е автор на една збирка раскази, „Приказни од Фироша Бааг“ (1987), и на три романи кои биле во најтесниот избор за престижната награда „Букер“: „Толку долго патување“ (1991), „Кревка рамнотежа“ (1995) и „Семејни врски“ (2002). Меѓу бројните признанија, за своите дела ги добил наградата „Гилер“, наградата „Комонвелт“, признанието за најдобро книжевно дело што го доделува генералниот гувернер на Канада, наградата за најдобра книга на весникот „Л.А. Тајмс“.

Мистри е роден во Бомбај, Индија, но од 1975 година живее и работи во Канада. За неговиот целокупен книжевен опус во 2011 бил номиниран за „Меѓународен Букер“, а во 2012 година во САД му е доделена меѓународната награда „Њустат“. Неговите книги се преведени на повеќе од триесет и пет јазици.