Салман Ружди (1947) е британско-индиски писател, еден од најголемите автори од англиското говорно подрачје во XXI век. Роден е во Бомбај, студирал во Англија, а во последната деценија живее во САД.
Ружди пишува раскази, романи, есеи, детски книги. Неговите дела се преведени на повеќе од педесет светски јазици. Особено значајни и ценети се неговите романи „Децата на полноќта“, „Срам“, „Сатански стихови“, „Земјата под нејзините нозе“ и неговиот најнов роман „Кишот“ (2019).
За своите дела Салман Ружди е добитник на некои од најпрестижните книжевни признанија во светот, како наградата „Ханс Кристијан Андерсен“, наградата „ПЕН Пинтер“ и наградата „Букер“.
Романот „Кишот“ беше во најтесниот избор за наградата „Букер“ во 2020 година.