Тони Морисон (1931-2019) е една од клучните писателки во современата американска книжевност, која има извршено огромно влијание на современата култура и литература.
Работела како уредник во угледниот американски издавач „Рендом хаус“, а во седумдесеттите години на минатиот мек почнува да ги објавува своите први дела. Пишува есеи, драми, раскази, книги за деца и романи. Нејзините најзначајни дела се романите „Најсиното око“ (1970), „Сула“ (1973), „Песната на Соломон“ (1977), „Тар Бејби“ (1981), „Љубена“ (1987).
За своите дела Морисон е добитничка на највисоките светски признанија, како наградата „Пулицер“, наградата „Сол Белоу“ на американскиот ПЕН, наградата „Норман Мејлер“ и, секако, Нобеловата награда за книжевност во 1993 година.