Крајот на една војна навестува искуства на нови страдања, а секојдневието во кое борбата за преживување не остава многу простор за промена, ја покажува сета комплексност на човековото постоење, згусната во поетска, па дури и митска слика за крајот на просторот и времето.
Во краткиот роман „Прослава“ низ четири приказни, исполнети со симболи и изградени според митска матрица, се доловени четири клучни епизоди од животот на главниот лик. Каракаш пишува во модернистички стил, заснован на лирски описи и алузии, карактеристичен за јужнословенските литератури од средината на XX век, односно за времето во кое е сместено дејството на романот. Фрагментарно раскажаните настани во романот го сликаат осамениот и суров секојдневен живот во едно изолирано планинско село, но прозата на Каракаш допира универзални теми кои се исклучително релевантни за современиот читател.

„Мрачно и опојно четиво на книжевниот волшебник од Лика.“
„Нови лист“

„Каракаш ја пишува ‘Прослава’ на начин и во духот на врвните дела на нашата модернистичка книжевност од повоените децении и од времето во кое јужнословенските писатели го откриваа Сартр и францускиот егзистенцијализам.“
Милјенко Јерговиќ, „Јутарњи лист“

„’Прослава’ е ремек-дело на досегашниот опус на Каракаш, значаен настан во современата хрватска книжевност.“
„Вјенац“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Токати, фуги и други приказни
Наслов на оригиналот: Proslava / Damir Karakaš
Број на страници: 120
Повез: мек
Формат: 11×18 cm
Година: 2020
ISBN: 978-608-4852-23-0