По дванаесет години брак, врската на Ванда и Алдо се распаѓа поради неверство. Сепак, зад нивната разделба се кријат многу повеќе мрачни тајни отколку што се чини на прв поглед. Соочувањето со сиот притаен гнев, со насобраните разочарувања и со желбата за независност и слобода целосно ги пресвртува животите на Ванда, Алдо и нивните две деца.
Приказната е мајсторски изградена и преку фрагменти ја раскажува долгата историја на распадот и повторното обединување на едно семејство. Доменико Старноне во „Врвки“ ни подарува моќен приказ на бегството од себеси и на малите одлуки кои целосно и неповратно ни ги менуваат животите.
„Силна и остра приказна за љубовта, семејството и последиците кои ги трпиме кога под притисокот на секојдневната рутина лесно ќе донесеме погрешна одлука.“
„Гардијан“
„’Врвки’ е роман смислен како сложувалка, генијално конструиран и изграден како архитектонско ремек-дело.“
„Њујоркер“
„Краток, брилијантен и незаборавен роман.“
„Тајмс“
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Lacci / Domenico Starnone
Преведувачка од италијански: Андријана Русеска
Број на страници: 144
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2020
ISBN: 978-608-4852-25-4