Во еден неименуван град крај морето, власта воведува вонредна состојба. И така, хаосот се вселува во секојдневниот живот на луѓето: многумина остануваат бездомници, некои се апсени, некои се принудени на присилна работа, сите се исплашени и осамени… „Кревка рамнотежа“ раскажува за четворица ликови кои кога се заедно не можат да ја поднесат блискоста, но кога се далеку едни од други не можат да преживеат.
Среде политичките превирања во Индија, реалноста станува толку неверојатна, што дури и она што е измислено изгледа вистинито. Така, овој чудесен роман час може се чита како магичен реализам, час како историски портрет на распадот на една земја.

„’Кревка рамнотежа’ е грандиозно ремек-дело. Како и секој голем автор, Рохинтон Мистри го трансформира начинот на кој го разбираме животот.“
„Гардијан“

„На Мистри не му е потребен магичниот реализам за да го направи светот поинтересен. Светот, погледнат низ неговите очи, е магичен.“
„Њујорк тајмс“

„Монументално дело, горчливо-слатко, непредвидливо до последната страница иако е засновано на историски факти и реални настани.“
„Тајм“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: A Fine Balance / Rohinton Mistry
Број на страници: 800
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2020
ISBN: 978-608-4852-28-5