Напишан од провокативната француска писателка и режисерка Виржини Депант, „Вернон Субутекс 1“ е маестрален портрет на современото француско општество. Вернон Субутекс, диџеј и продавач на грамoфонски плочи, добро познат во Париз, соочен со брзите промени кои се одвиваат во светот и со својата неиницијативност и мрзеливост, губи сè што има и од некогашна легенда, станува бездомник. Тоа само ја зацврстува неговата желба за живеење „од ден за ден“, со сите непредвидливости што тоа ги носи. Во обид да најде место за преноќевање, Вернон ги посетува своите некогашни пријатели, откривајќи за нив многу повеќе отколку што сака да дознае.
„Вернон Субутекс“ е камелеонски роман-колаж во кој приказната тече низ гласот на цела галерија чудесни ликови. Со овој роман, Депант го достигнува своето заслужено место во самиот врв на француската книжевност.
„’Вернон Субутекс’ е величествена фреска на сегашноста. Никогаш не се сомневавме дека Депант може да го напише овој роман, но никој не очекуваше дека тоа ќе го стори со толкава отменост.“
Фредерик Бегбеде, „Ле фигаро“
„Она што Џојс го направи за Даблин, тоа Депант го прави за Париз… Ако некој современ роман со мирна совест може да се нарече ремек-дело, тогаш тоа е ‘Вернон Субутекс’.“
„Волстрит џурнал“
„Мрачна комедија за денешното секојдневие, напишана со онаа типично француска зајадливост што се протега од Балзак до Уелбек.“
„Ле парисиен“
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Vernon Subutex 1 / Virginie Despentes
Преведувач од француски: Филип Илиев
Број на страници: 352
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2020
ISBN: 978-608-4852-26-1