Во книгата Антарктик се собрани петнаесет раскази со кои Клер Киган стекнува углед како една од најталентираните современи авторки на кратка проза од англиското говорно подрачје.
Расказите на Киган се засноваат врз вешто изградени книжевни ликови кои се доловени во момент на лична криза, која одеднаш добива застрашувачки размери и целосно ги потресува нивните животи. Тонот и тематиката на расказите варираат, од љубовни приказни за неверство, преку црн хумор за ривалството меѓу децата што преминува во омраза, па сè до потресни теми како загуба на најблиските, семејно насилство или убиство. Но она што ги обединува расказите е впечатливиот стил на авторката, која вешто игра со говорот, нафрла алузии и скриени значења, ги меша жанровите и преку чести пресврти во заплетот, постојано поставува нови предизвици за читателот.

„Расказите на Киган се меѓу најдобрите кратки прозни дела објавени на англиски јазик.“
„Опсервер“

„Уште со своите први раскази, Киган покажува дека поседува неверојатен раскажувачки талент и впечатлив книжевен глас, кој го прогонува читателот уште долго откако ќе ја прочита книгата.“
„Бостон глоуб“

„’Антарктик’ е грандиозна збирка во која сите раскази имаат сила на роман.“
„Гардијан“

Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Antarctica / Claire Keegan
Број на страници: 184
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-48-3