Некогаш ноќта им припаѓала на суштествата на мракот, на јагарите, на кватрите, на мраковите… Некогаш цвеќињата им припаѓале на самовилите. Некогаш луѓето го почитувале она што не го разбираат и не го умеат. А ветерот им раскажувал и на едните и на другите.
Но денес се ретки тие што го слушаат. Луѓето се заглушија со вревата што ја создаваат, а суштествата на ноќта избледеа под уличното осветление. За наша среќа, едно момче сè уште го слуша ветерот што зборува. Ветерот од северозапад му ги носи приказните од Медведница и од Самоборските Ридови.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Бајче
Наслов на оригиналот: Sjeverozapadni vjetar / Zdenko Bašić
Превод: Владимир Јанковски
Број на страници: 88
Повез: тврд
Формат: 21 x 27 cm
Година: 2024
ISBN: 978-608-4852-99-5