Животот на една осумнаесетгодишна девојка одеднаш целосно ќе се промени кога ќе сфати дека ја демне и ја прогонува локален четириесет и тригодишен насилник, познат во нејзината средина како Млекарот. И покрај тоа што само неколкупати „случајно“ се среќаваат на улица, во квартот каде што живее девојката почнуваат да се шират озборувања за неа и Млекарот, па набргу сите нејзини пријатели, соседи и целото семејство се свртуваат против неа, без да постои реална причина за тоа.
Опишувајќи средина во која заедницата живее во постојана политичка тензија, во која сите се поделени на групи и не постојат неутрални, во која насилството е прифатено и пожелно кога се спроведува против „другите“, Ана Бернс во романот „Млекарот“ создава напната атмосфера на интриги, а во нејзиниот центар поставува една млада и исплашена, но сепак храбра девојка.

„Атмосферата во ‘Млекарот’ потсетува на делата на Стерн и на Бекет, но романот несомнено има своја посебна енергија, свој впечатлив глас. Иако навидум зборува за љубовните проблеми на една тинејџерка, книгата всушност е одек на низа политички и социјални случувања кои го потресуваат нашето современо општество.“
„Гардијан“

„Преку одлично изведен контраст меѓу црн хумор и страв, ‘Млекарот’ претставува своевидна студија на кризата, без оглед дали е таа душевна, индивидуална, семејна или колективна.“
„Тајмс“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Milkman / Anna Burns
Превод: Катерина Јосифоска
Број на страници: 424
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2025
ISBN: 978-608-5058-28-0