Проектот „Европски приказни на надеж“ опфаќа превод на десет книги од наградувани европски автори чии дела досега не се преведувани на македонски јазик. Вклучувајќи превод од десет различни јазици, проектот пред македонските читатели ќе ја промовира разноликоста на богатата европска литература. Дополнително, проектот става акцент на Наградата за литература на Европската Унија, опфаќајќи тројца добитници на ова признание.
Иако десетте книги се жанровски различни (меѓу нив има романи, раскази, стрипови, илустрирани книги за деца, драми), сите се обединети околу лајтмотивот на надежта. Без оглед на жанрот и на тоа дали се однесуваат на млади или возрасни читатели, тоа се приказни кои третираат општествена криза и опишуваат начини на справување со неа, така што се соодветни на нашето време и релевантни за современиот читател. Тоа се дела со длабоки хумани и алтруистички пораки, во кои надежта не умира последна, туку е бесмртна.
Книгите од проектот „Европски приказни на надеж“ ќе бидат објавени во текот на 2020 и 2021 година.
За повеќе информации за проектот, кликнете тука.