Приказни за пет жени, две Италијанки и три Словакинки. Пет различни животни судбини што се одигруваат во Братислава, во Торино, по улиците, во домовите, во телата, на интернет, на полигонот за коњски трки – но, пред сè, во главите на главните ликови. Добраковова вешто и суптилно ги поврзува петте жени во книгата, пишувајќи за нивните семејни односи, за нивните стравови и надежи, за нивните најголеми радости и најдлабоки разочарувања.
„Мајки и камионџии“ е најзрелата и засега најдобрата книга на младата словачка писателка Ивана Добраковова, закитена со престижната Награда за литература на Европската Унија.

„Ивана Добраковова е еден од најмоќните и најоригиналните гласови на современата словачка книжевност.“
„Литерари ривју“

„Петте раскази се поврзани на необичен и креативен начин, така што книгата може да се чита и како збирка раскази и како фрагментарен роман. Одлично напишани и посветени на актуелни теми, овие приказни се предизвик за секој читател.“
„Книжна ревуе“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Matky a kamionisti / Ivana Dobrakovová
Преведувач: Звонко Танески
Број на страници: 205
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-43-8