„Татковина“ е приказна за две семејства што живеат во едно мало баскиско село во близина на Сан Себастијан. Нивното долгогодишно блиско пријателство ќе биде загрозено со порастот на национализмот, а потоа и целосно распарчено со појавата на паравоената организација ЕТА. Низ панорамски приказ што опфаќа повеќе од три децении, овој потресен и длабок роман зборува за осцилациите меѓу љубовта и омразата и за мачниот пат до прифаќањето на себеси.
Со објавувањето на „Татковина“ во 2016 година, Фернандо Арамбуру станува еден од најнаградуваните и најпреведуваните шпански автори. Во 2020 година романот е екранизиран во успешна телевизиска серија.

„Одамна не сум прочитал толку уверлива и потресна книга, толку мудро напишана… ‘Татковина’ е врвно книжевно дело, а воедно и елоквентно сведоштво на историската стварност.“
Марио Варгас Љоса, „Ел паис“

„Исклучително моќно дело… чија структурна и емоционална сложеност нè потсетува колку неодолива, сеопфатна и силна може да биде книжевноста.“
„Ди цајт“

„Арамбуру нè поттикнува да размислуваме за горчливите поделби со кои живееме и за можностите за помирување.“
„Сандеј тајмс“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Patria / Fernando Aramburu
Преведувач: Катерина Јосифоска
Број на страници: 664
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-41-4